Драматични сцени од Флорида: „Ова е историски ураган“


 

Ураганот Ијан со катастрофална сила удри во заливскиот брег на Флорида, погодувајќи ја државата со разорни ветрови, пороен дожд и опасни океански бранови што ја направија една од најмоќните бури во историјата што ги погодила САД.

Ијан го погоди островот Кајо Коста како ураган од четврта категорија со постојан ветер од 241 километар на час, објави Националниот центар за урагани (NHC).

Во однос на брзината на ветерот, тој е само малку послаб од категоријата пет според скалата Сафир-Симпсон, иако се очекуваше да ослаби кога ќе стигне до брегот.

Се појави драматично видео од напливот на бура, снимено од камера на булеварот Естеро во плажата Форт Мајерс, Флорида.

На видеото се гледаат поројни поплави и силен ветер.

 

Кевин Андерсон, градоначалникот на Форт Мајерс, рече дека ова е „најлошата бура што некогаш ја видел“.

„Овде сум од средината на 70-тите – ова е всушност најлошата бура што некогаш сум ја видел“, рече Андерсон.

Силниот ветер и дожд предизвикаа пад на далноводи.

 

Националниот центар за урагани објави ажурирање за ураганот Ијан, велејќи дека ураганот се очекува да се движи низ централна Флорида вечерва и до четврток наутро и да ослаби како што напредува.

„Ураганот се очекува да се појави над западниот Атлантик до доцна во четврток и најверојатно ќе се сврти кон север во петок и ќе се приближи до североисточниот брег на Флорида, бреговите на Џорџија и Јужна Каролина до доцна петок. Максималните постојани ветрови се намалија на речиси 220 километри ан час. Ијан е ураган од четврта категорија на скалата на ураганите Сафир-Симпсон“, се вели во соопштението.