Николина Пишек ќе се отруела од гас во својот дом, спасена во последен момент


Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка Уна, преживеале пекол викендов, ноќта помеѓу сабота и недела, пишува „Блиц

Хрватска-Имено, во куќата во Загреб каде Николина живее со нејзиниот сопруг, историчарот на уметност Видоје Ристовиќ и нивната ќерка Уна , пукнала цевка за гас што обезбедува згреење и Николина и нејзината ќерка се отруле со јаглерод моноксид.

Instagram
Instagram

„Сè се случи ноќта помеѓу саботата и неделата. Николина околу 20.00 часот разговараше со Видоје, кој мораше да дојде во Белград поради работа, му рекла дека биле на прошетка во градот со нивната ќерка и дека сега гледаат филм и одмараат. Потоа Николина му се јавила на сопругот околу еден часот по полноќ велејќи дека Уна повраќа и има силна главоболка и дека и таа не се чувствува најдобро. Видоје ги советуваше веднаш да одат на лекар и Николина го послуша“, открива извор близок до водителката.

Кога нејзиниот сопруг ѝ се јави неколку минути подоцна, Николина не одговараше. Видоје веднаш се јави на неколку пријатели да отидат до нивната куќа и да проверат што се случува со Уна и Николина. Меѓутоа, кога пријателите пристигнале пред куќата, слушнале само дека кучињата лаат, но никој не ја отварал вратата. Потоа, ја скршиле вратата и ја виделе Николина која лежела на подот во бесознание. Тие веднаш повикале полиција и брза помош, а штом пристигнале на местото, сфатиле дека цевката што пукнала поради градежни работи предизвикала труење со гас. Со возило на брза помош веднаш биле пренесени во болница. Николина излезе од болница дури денес, додека Уна сѐ уште е на детската клиника. Пожарникарите измериле дека дозата на гас во куќата во тоа време била седум пати поголема од дозволената“, додава изворот.

Засега, познатата хрватска водителка не го потврдила ниту негирала ова случување.