Дошол во полициска станица да го наполни телефонот, па го уапсиле
Во саботата во раните утрински часови германската федерална полиција во Франкфурт на Одер (Бранденбург) уапси 37-годишен маж по кој е распишана потерница и на кого не му е дозволен влез во Германија.
Според соопштението на полицијата, 37-годишниот маж дошол во сојузната полициска станица во Франкфурт на Одер и побарал да му дозволат да ја наполни батеријата на мобилниот телефон. Ова необично барање на крајот доведе до негово апсење.
Полицајците ги провериле неговите лични податоци и откриле дека државниот обвинител во Берлин го бара за особено тежок случај на кражба. Окружниот суд во Тиергартен го осудил мажот на осум месеци затвор. Покрај тоа, против него беше во сила наредба за протерување и депортација, како и забрана за повторно влегување во Германија до април 2028 година.
По утврдувањето на таа информација, федералната полиција го уапсила човекот и отворила истрага за прекршување на забраната за повторно влегување. Потоа бил одведен во притвор во Бранденбург.