Доручек за слабеење подготвен за 15 минути


Рецепт од овес за слабеење, здравје и витка линија – комбинацијата од банана, снегулки, какао и дополнителни состојки го прави супер вкусен.

Доколку сакате да појадувате нешто здраво и хранливо, притоа да одржувате витка линија и да не поминувате премногу време во кујната – имаме решение за вас. Овесната каша е полна со растителни влакна и често се препорачува за слабеење, а кога ќе ја комбинирате со вистинските состојки, можете да добиете многу витамини, минерали и важни хранливи материи. Ви пренесуваме рецепт за здрава овесна каша која е идеален избор за појадок:

Состојки:

– 50 гр овесна каша
– 200 мл млеко
– една лажица мед
– 1 банана
– 6 бадеми
– 1 лажичка какао во прав
– 1 лажичка суво грозје (по избор)
– прстофат цимет во прав

Подготовка:

Ставете ја овесната каша во длабок сад. Потоа снегулките прелијте ги со 100 мл млеко. Млекото и житарките добро измешајте ги со лажица, па оставете ги снегулките да набабруваат во млекото околу 10-15 минути. Следно ви треба блендер. Потребно е да се стави половина излупена банана, овесна каша натопена во млеко, бадеми, какао во прав, цимет во прав, суво грозје (или било какви бобинки по вкус). Сето ова прелијте го со 100 грама млеко, па додадете мед. Потоа сè добро сомелете во блендер.

Добиената смеса истурете ја во сад, а другата половина од бананата исечете ја на прстени и украсете ја овесната каша. Појадокот е подготвен, уживајте во оброкот!