Дојче веле: Бугарија изгледа глупаво и провинцијално во односот кон Украина
Бугарија изгледаше жално за време на посетата на украинскиот министер Дмитро Кулеба. Ако владата треба да падне прво нека донесе одлука за испорака на оружје на Украина
Бугарија не изгледаше толку жално и понижувачки уште од 1989 година како за време на посетата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Тоа беше огледало во кое Бугарија изгледаше кукавички, неадекватно, глупаво и провинцијално, пишува коментаторот Веселн Стојнев во текст за бугарската редакција на Дојче веле.
Кулеба мораше да го потсети претседателот Радев, кој ја покрена тезата за помирување меѓу браќата Украинци и Руси, за браќата Каин и Авел и во парламентот да објасни дека со убиец не можеш да бидеш брат. И дека е добро да се има шлемови и елеци (кои моравме да ги праќаме само на цивили, според претходната „братска“ глупост на бугарскиот претседател), но дека без оружје во рака украинските бранители едноставно можат да загинат со заштитна опрема.
Еве што понатаму пишува Стојнев за Дојче веле:
„Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска имаше одбранбено оправдување дека сме мала земја без дури да ја научи географијата на НАТО – на пример, дека сме по население колку Литванија, Летонија и Естонија заедно, а по територија колку две од нив. Или дека нашата територија е два и пол пати поголема од Данска, а населението е близу милион повеќе. Овие земји, помали и наводно мали во однос на Бугарија, испраќаат оружје во Украина.
Време е за принципиелен став
Претседателката на парламентарната комисија за надворешни работи, Венцислава Љубенова, однапред одлучи да ја занемари тридневната посета на Кулеба, нарекувајќи ја ‘протоколарна посета’. Како министерот за надворешни работи на државата во војна да нема друга работа освен да талка по канцелариите на Софија три дена. Неговите обиди да добие јасен одговор од факторите одговорни овде се покажаа неуспешни и го принудија надвор од каков било протокол со чист текст да каже да каже: ‘Драги Бугари, животот е тежок, но не можете постојано да бидете во средина, треба да заземете страна и тоа страната на вистината’.
А вистината за нас е дека имаме сериозен дефицит на лидерство. Веќе два месеци, од почетокот на руската инвазија, Бугарија сѐ повеќе тоне во едноставното прашање за испраќање оружје во Украина. Состојбата во владејачката коалиција доведе до трагикомичен пат. Црвена линија од БСП – ‘против’ оружјето, црвена линија од Демократска Бугарија – ‘за’ оружјето. Шега или не, но две црвени линии значат позитивен тест за ковид или позитивен тест за бременост. Како и во двата случаи, тоа подразбира продолжена неспособност за работа.
Премиерот Петков си постави задача да ги спои овие паралелни линии како Лобачевски. Меѓутоа, во Еуклидовата политичка геометрија, нивното собирање значи да дадеме оружје и на Украина и на Русија. Секако, постои и ‘дијалектичка’ опција – да се испрати огномет за крај на војната, со опција да се застане на страната на победникот, кој и да е тој.
Ултиматум, но не баш
Но, и да ѝ свртиме грб на шегата, тагата останува. Позицијата на Демократска Бугарија е принципиелна од самиот почеток, бидејќи нетрпеливоста на нејзините гласачи по посетата на Кулеба се засили до крај и нејзините лидери мораа да постават ултиматум од половина збор за напуштање на коалицијата. Кој веднаш беше сведен на неултиматум, според зборовите на Атанас Атанасов: ‘Ќе бидеме цврсти без да ја урнеме власта’.
Позицијата на БСП е исто така конзистентна, мотивирана од сентименталната русофилија и стравот од сопствената сенка. А, стравот на Корнелија Нинова е дека веќе стопеното гласачко тело ќе се спои со Стефан Јанев и Костадин Костадинов (првиот е донеодамнешен министер за одбрана, а вториот лидер на националистичката Преродба –н.з.).
Има таков народ почнува да зазема колеблива позиција, а иако нејзиниот лидер Слави Трифонов на своите заменици на интернет им даваше инструкции да поддржат оружје за Украина, реакциите на неговите фанови на социјалните мрежи се поделени.
Половична се покажа и позицијата на Продолжуваме со промената, која беше и за целосна поддршка на Украина и сега попушта со заобиколни формулации како ‘хуманитарна, финансиска и техничка помош’.
Сите во коалицијата губат со тоа што тонат во неодлучност. Поддржувачите на целосна поддршка за Украина негодуваат против нивните формации ПП и ДБ и се закануваат со одлив. Во нив има и периферии кои се за ‘шлемови и елеци’, но ниту една системска партија (а ПП уште не е ни судски регистрирана) не може да си дозволи да го жртвува изборното јадро за изборната периферија.
Целата одговорност сега паѓа лично на премиерот Петков. Не можеш да бидеш на чело на влада која секој изминат ден го губи достоинството пред своите граѓани и ја прави државата за потсмев во странство. Најголемото фијаско за оваа влада ќе биде ако падне без да испрати оружје во Украина.
Изборот пред Петков е јасен: да удри на масата, да се игнорира рекетот на внатрешната коалиција и да се стави на гласање во парламентот одлуката за оружјето, каде што ќе помине со гласовите на ГЕРБ. И по цена ова дека тоа е сериозен чекор кон распаѓање на коалицијата. Затоа што исходот прво да се испрати оружје, па да падне власта е подобар отколку без влада и без одлука за оружје. Во спротивно утре ќе останеме целосно без политички лидери“, пишува Веселин Стојнев за Дојче веле.