Додека паузира со снимањето: Том Круз уживаше во женското финале на Вимблдон

Англија- Холивудската ѕвезда Том Круз , 59, во елегантен син костум го следеше финалето во сингл на жени на Вимблдон вчера заедно со Хејли Атвел и Пом Клементиф. Таму тројката гледаше како Австралијката Ешли Барти се соочува против Чешката Каролина Плискова, а Барти на крајот го доби натпреварот. Во публиката беше и кралската двојка , принцот Вилијам и Кејт Мидлтон кој и го врачи трофејот на Барти.
Снимањето на „Невозможна мисија 7“ е времено прекинато поради позитивниот тест на Ковид=19 на сетот.
„Ние привремено го стопиравме снимањето на „Невозможна мисија 7 “ до 14 јули, поради позитивните резултати од тестот за коронавирус за време на рутинското тестирање“, изјави во тоа време портпаролот на студиото за Ентертејмент Викли во изјавата. „Ние ги следиме сите безбедносни протоколи и ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата.
Неколку месеци порано, аудио-снимка протече кон крајот на минатата година, на која се гледаше како Круз ги пцуе членовите на екипата на снимањето на филмот заради занемарување на протоколите за Ковид-19.
Снимањето на продолжението со голем буџет претходно претходно беше стопирано во Италија уште во февруари 2020 година кога започна епидемијата на коронавирус, но на крајот продолжи во Рим во октомври. „Варајети“ исто така објави дека сетот потоа бил затворен една недела во октомври по позитивните тестови за Ковид.
Круз исто така ќе глуми во продолжението на „Топ Ган: Маверик“, кој е закажан во киносалите во ноември.Продолжението на филмот следува по 33 години од оригиналниот филм во 1986 година и во него се појавуваат глумците Мајлс Телер, како син на пилотот Гус, кој го играше Ентони Едвардс и кој беше убиен за време на вежбите во првиот филм, како и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, повторно во улогата на „Ајсмен“, соперникот на Маверик.(Пипл)