Добра ноќ, добар ден: Мијата со нов сингл


„Добра ноќ, добар ден“  е новиот сингл на Мијата од новиот албум насловен Вида која беше изведена премиерно на концертот во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето.  Официјалниот видео запис ја визуелизира  атмосферата од концертот кој се одржа на 28 јуни а всушност беше концертна промоција на албумот. 
 
 
Линк од официјалниот видео запис за ,,Добра ноќ, Добар ден” во прилог:   
 
 
Музика: MIYATTA, Elizabeth Paul
текст: MIYATTA
аранжман, клавијатури и микс: Ангел Ќосев,
студио Подрумот
придружни вокали: Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски. 
мастеринг: Дамир Пух, GreenRoom Sound Studio
режија и монтажа: Љупчо Трајковски
 
Утре, вторник, 18.07.2023,  од 19:00 часот, Мијата ќе ја отвори сезоната на музичкото вечерно матине кое традиционално се одржува во Скопје Сити Мол.
 
 
На сцената поставена на платото кај детскиот парк и ДНК кулата, ќе се претстави со авторски и кавер репертоар, а ќе настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас гитара.