Добивката и приходите на ТикТок двојно зголемени во 2020 година


Добивката и приходите на кинескиот сопственик ТикТок се дуплираа во 2020 година, потврдувајќи ја популарноста на апликацијата во пандемијата на коронавирусот.

Вкупните приходи на Bytedance скокнаа за 111 отсто минатата година, на 34,3 милијарди долари, јави Би-Би-Си цитирајќи интерно писмо од раководството до работниците.

Бруто добивката исто така се удвои, на 19 милијарди долари. Компанијата ја заврши годината со нето загуба од 45 милијарди долари поради еднократно прилагодување на сметководството, за кое вели дека не е поврзано со нејзиниот бизнис.