До понеделник градските автобуси со празничен возен ред


Фото: Б. Грданоски

За време на велигденските празници, односно од утре петок – 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред.

-Утре и во понеделник на 5 мај од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела за сите е неработен ден, информираат од ЈСП Скопје.

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник, другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.