До петок стабилно време, за викендот заладување и дожд


Фото: Б. Грданоски

До петок ќе се задржи стабилно време. Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), соопшти УХМР.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температуара значително ќе се намали. Минималните температути ќе се движат во интервал од 1 до 13, а максималните до петок ќе достигнат 23, а за викендот до 16 степени.