До 9 часот гласале само 3,64 отсто од избирачите
Едвај 3,64 отсто од гласачите утрото побрзале да гласаат до 9 часот. Од обработени 95,09% од гласачите, податоците на ДИК покажуваат дека на избирачките места до 9 часот гласале околу 64 илјади граѓани.

На претходните локални избори кои се одржаа во 2017 година, првиот пресек за излезност беше направен во 10 часот, кога излезноста беше 8,98 отсто.
