До 31 јули долговите за вода ќе се плаќаат без камати и на рати

Фото: Б. Грданоски

Во таа насока, ЈП Водовод и канализација – Скопје  известува дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која започна на 17 јуни е со определен временски рок и завршува на 31 јули. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката преставува да важи.

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете.