До 15 часот има за два отсто поголема излезност од првиот круг


Од 7 часот утрово до 15 часот, на денешните претседателски избори гласале вкупно 527.068  граѓани со право на глас.

Излезеноста изнесува 30.34%,  соопшти портпаролот Љупка Гугуческа.

Ова се резултати од одработени 99.67%.

Одѕивот на гласањето на првиот круг од Претседателските избори до 15 часот изнесуваше 28,89 проценти.