Директорите на ДУИ ќе ги заменат директори на „Вреди“, меѓу нив и во Клинички центар


Од преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

 

Албанските медиуми објави ја подолг список на места кои неофицијално треба да ги добие како коалиционен пазар коалицијата „Вреди“. Според нив, договорени се над 60 здравствени и кулутурни институции, државни агенции и затвори, во кои на раководните функции директор или заменик-директор ќе бидат поставени кадри на „Вреди“, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Начелно, „Вреди“влегува на местата каде досега имаше кадри на ДУИ, па така, директори ќе имаат на Клинички центар, заменици во Фонд за здравство и Пензискиот фонд. Свои луѓе ќе постават и како заменик-директори во Управа за финансиско разузнавање, УЈП, Централен регистар, Агенција за администрација и Царина и директор во Управа за матични книги.

Од покрупните договорени институции, договорени се и заменичкото директорско место во МРТВ и МИА, директорското место во  ЈП Пасишта, Агенција за класифицирани информации, Метрологија, а заменичкото во Државни шуми и ЕЛЕМ.

„Вреди“ ќе раководи и со повеќе театри, со Филхармонија, а заменик-директор ќе добие и во Универзитетската библиотека во Скопје. Од затворски институции, добива двајца директори и тројца заменици директори. Па така, кадри на оваа партија ќе раководат со струшкиот и тетовскиот затвор, а заменици ќе има во охридскиот, во Шутка и Куманово.

Распределбата на ресори не е готова и се прават завршни преговори. Дел од институциите ќе добие и ЗНАМ на Максим Димитриевски.