Директор во Стејт департментот поднесе оставка поради политиката на САД кон Израел и Газа


Директор во американскиот Стејт департмент  кој работел во агенција одговорна за трансфер на оружје на сојузниците на САД, поднесе оставка. Џош Пол ги наведе несогласувањата со, како што рече, одлуките на администрацијата да го забрза трансферот на оружје во Израел.

Пол, кој беше директор за конгресни и јавни работи во Бирото за политичко-воени прашања на Стејт департментот, напиша на LinkedIn: „Не можам да работам во поддршка на збир на главни политички одлуки, вклучително и брзање со испрашање повеќе оружје на едната страна од конфликтот што е кусогледо, деструктивно, неправедно и контрадикторно на самите вредности што ние јавно ги застапуваме“.

Пол рече дека иако ја препознава „монструозноста“ на нападот на Хамас врз Израел, тој исто така верува дека одговорот на Израел „само ќе доведе до повеќе и подлабоко страдање“ за Израелците и Палестинците.