„Диор“ за мажи слета во Хародс- францускиот бренд има силни врски со Англија


Англија – Машката облека на Диор пристигна во Хародс во нов, самостоен простор на вториот кат, само неколку недели пред брендот да ја претстави својата предесенска машка колекција во Лондон на 9 декември.

Просторот има современ декор, палета на бела, беж и небесно сина боја и  „Версај“ паркет. Ќе содржи облека, обувки, чанти и додатоци, а за да се одбележи отворањето ќе бидат понудени и капсулните колекции и Dior и Sacai.

Хародс презема повеќегодишен проект за да ја консолидира својата машка понуда на вториот кат на продавницата. Реновирањето на машката облека „Хародс“ започна во 2018 година и е дел од планот од 200 милиони фунти во продавницата, кој треба да заврши на почетокот на 2023 година.

Обновата на машката облека е дизајнирана од Дејвид Колинс Студио Ltd., а просторот е организиран по бренд, наместо по категорија, што го одразува начинот на кој мажите купуваат денес, според Хародс.

Меѓу првите брендови во просторот беа Off-White, Givenchy, Loewe и Moncler, од кои сите отворија самостојни бутици, додека Craig Green, Dries Van Noten, Lanvin и Jil Sander се појавуваат во мулти-бренд простор.

Како што е соопштено, Диор ја продолжува својата пред-коронавирусна традиција на патување машки предесенски колекции со изложбата во Лондон, одбележувајќи го својот прв голем настан во земјата откако Брегзит стапи на сила минатата година. Тоа ќе биде и прво шоу на уметничкиот директор на Диор, Ким Џонс, во неговиот роден Лондон од 2003 година.

Диор има силни врски со Англија, по инаугуративната ревија во 1947 година во присуство на Кралицата мајка и принцезата Маргарет. Куќата ја претстави својата женска колекција во 2017 година во палатата Бленхајм, родното место на Сер Винстон Черчил.

„Горди сме и возбудени што го оживуваме овој уникатен настан во Лондон, особено симболична дестинација драга на Monsieur Dior и куќата од 1947 година. Лондон, се разбира, е и градот најблиску до срцето на Ким Џонс, каде што тој беше роден и каде живее, што го инспирира со својата неисцрпна креативност и која длабоко ја сака“, рече Пјетро Бекари, претседател и главен извршен директор на Christian Dior Couture.

(WWD)