Дино Мерлин распродаде три концерти во Белград, еве колку ќе заработи
Регионалната поп-ѕвезда од Босна Дино Мерлин закажа четири последователни концерти во Белград, а три од нив веќе се распродадени- на 18, 19, 21 и 22 ноември во Белградската арена.
Сепак, пејачот во неколку наврати ги негираше ваквите изјави кои му се препишуваат.
„Никогаш не сум рекол дека мразам некого. Тој глагол не постои кај мене. Тоа е ноторна невистина. Многу од работите кои се пишуваа за мене низ годините се целосно измислени“, изјави Дино Мерлин во 2011 година за српската телевизија Прва, непоредно пред неговиот прв концерт во Белград.
Закупот на Штарк Арена чини 25.000 евра, дознава Телеграф.рс, што значи дека Мерлин има фиксен трошок од 100.000 евра само за тоа. Сите бројки се однесуваат на четири концерти, бидејќи евентуалниот петти или шести се уште не е официјално закажан.
Цената на најнискиот билет е 3.500 динари, додека поскапите се 6.500 (за фан пит) и 15.000 динари за шанк масите. Цената за ложата е значително повисока.
Ако ја земеме само најниската цена од 3.500 динари и ја помножиме со 24.000 луѓе, ќе дојдеме до неверојатна бројка од 84 милиони динари! Во евра е околу 717.000, пишува српскиот портал.
Кога таа бројка ќе се помножи со 4 концерти, сумата е 2.871.000 евра. Оваа сума е многу поголема, бидејќи не сите билети чинат 3.000 динари, туку двојно или многу повеќе. Ако земеме просечни, да речеме, 7.000 динари и го помножиме со бројот на луѓе што ги сместува Арената, ќе дојдеме до цифра од 5.743.000 евра за четири концерти.
Од овие суми треба да се одбијат трошоците што ги има Мерлин кога станува збор за опремата и сцената, како и членовите на бендот и неговиот тим.
Кога сето тоа ќе се одземе, заклучува порталот – Дино Мерлин нема да замине од Белград без најмалку три милиони евра и тоа под услов да нема ниту петти ниту шести концерт.