Дилон: Бајден „апсолутно“ останува во трката за Белата куќа


Претседателот Џо Бајден „апсолутно“ останува во трката за Белата куќа, изјави денеска шефицата на неговата кампања Џен О’Мали Дилон. Таа додаде Бајден е попосветен од кога било да го победи Доналд Трамп.

Нејзината изјава уследи по зголемениот притисок од демократите Бајден да се повлече од трката за реизбор поради неговата возраст и здравје.