ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 44,5 проценти
Излезноста на вториот круг од претседателските избори до 18:30 часот изнесува 44,5 проценти. Гласањето се одвива тековно и нема пријавено нерегуларности на гласачките места, информира на денешната прес-конференција директорот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.
Посочи дека од вкупно обработени 97,6 проценти од податоците од избирачките места досега гласале 795.577 гласачи .
Одѕивот на гласањето на првиот круг од Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,83 проценти.