Дијамант од 16,64 карати во форма на срце откриен во рудник во Русија


Архангелск– Дијамант од 16,64 карати во форма на срце е пронајден во рудникот Ломоносов во областа Архангелск во Русија, соопшти денеска прес-службата на руската компанија Севералмаз.

„На 8 април е откриен груб дијамант во облик на мало срце. Неговата тежина е 16,64 карати“, објави компанијата на својата официјална страница на страницата на социјалните мрежи VKontakte.

Дијамант од 92,34 карати со ретка непроѕирна форма беше откриен на локацијата во 2022 година, потсети ТАСС.

Регионот Архангелск е единственото место во Европа каде има рудници за дијаманти.