Диетата на Марго Роби најбарана на Гугл- јаде храна што ја обожаваат Македонците
Откако филмот Барби се појави во кината, исхраната на Марго Роби е еден од најпребаруваните поими на Google. Интересот за оваа тема се зголеми за 1.364 отсто по објавувањето на филмот, според податоците на Total Shape.
Марго Роби е позната по тоа што следи добро балансирана исхрана која вклучува протеи, влакна и здрави масти, но поради нејзината улога како најпопуларна кукла во светот, има една храна која таа ја консумира во големи количини.
„Марго јадеше ферментирана храна како кисела зелка“, открила експертот за здравје на кожата Јасмина Вико за Harper’s Bazzar.
Киселата зелка е одличен извор на витамини Б и Ц, влакна, антиоксиданси, калиум, калциум, магнезиум, фосфор и манган. Покрај тоа, овој вкусен зеленчук е исклучително нискокалоричен и содржи само 25 калории на 100 грама, благодарение на што можеме да го јадеме колку што сакаме без страв дека ќе се здебелиме.
Според WebMD, редовното консумирање на кисела зелка ги има следните придобивки:
го забрзува метаболизмот и го одржува здравјето на дигестивниот систем
помага при губење на тежината
има антиинфламаторно дејство
го намалува холестеролот
го зајакнува имунитетот
третира инфекции на уринарниот тракт
го намалува ризикот од рак.
Заедно со кисела зелка, славната актерка јадела и кефир, секакви горчливи јадења и бобинки, а пиела и зелен чај.