По 20 години затвор за деветкратниот убиец од Србија, Урош Блажиќ и неговиот татко
Деветкратниот убиец, 22-годишниот Урош Блажиќ беше прогласен за виновен откако минатиот мај уби девет и рани 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје. Дваесет години затвор доби Блажиќ, кој на 4 мај 2023 уби девет и рани 12 луѓе во српските села Мало Орашје и Дубона, објави Специјалниот суд во Белград. Во исто време во Смедерево, неговиот татко Радиша е осуден на идентична затворска казна.
Урош се изјаснил за виновен, а бидејќи во моментот на делото имаше помалку од 21 година, за стореното дело не е можно да се осуди на доживотен затвор, туку само на казна затвор до 20 години. Обвинителството му ја предложи оваа казна на судот.
Масакрот се случи само еден ден по пукањето во „Рибникар“
„Обвинетиот Урош Блажиќ е виновен затоа што во неколку села, во разумна состојба, свесен за своите постапки и нивната забрана, при несовесно насилничко однесување зел и се обидел да им ги одземе животите на неколку лица, носел огнено оружје, муниција и мини- експлозивни направи“, рече судијката Лидија Јовановски. Таа додаде дека убиецот е виновен и за киднапирање под закана за убиство.
Таткото на Урош, Радиша, исто така е прогласен за виновен во судот во Смедерево, бидејќи во неговата резиденција чувал големо количество оружје и муниција, што неговиот син го користел при повеќекратното убиства.
Крвавиот напад на Блажиќ во селата кај Младеновац се случи само еден ден по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Блажиќ почна со пукање во Мало Орашје, а потоа се упати кон Дубона. Полудениот напаѓач по масакрот побегна, а потрагата по него траеше до раните утрински часови кога беше пронајден на 50 километри, во близина на Крагуевац.
На денешното рочиште пред судот во белград дојдоа и родителите и роднините на убиените во „Рибникар“, за да им пружат поддршка на семејствата на убиените крај Младеновац.