Детето на министерка во Австрија стана член на партија на возраст од две години
Информацијата дека двегодишниот син на австриската министерка за туризам Елизабет Кестингер веќе стана ќлен на Народната партија предизвика уга од реакци.
Идната шефица на младината на Народната партија на Австрија, Клаудија Плаколм објави фотографија на Инстаграм со министерката при предавањето на членството за нејзиниот син.
„Ние и НВП сме познати по тоа дека уште денес мислиме на идните генерации. Затоа ме радува што наскоро како најмлад член ќе го примиме вашиот син“, напиша таа покрај фотографијата.
Таа објава предизвика бура од реакции затоа што дете од едвај две години не може да одлучува за пристап во партија.