Деспотовски: Дали новите закони значат нови вработувања во јавниот сетор?
Јован деспотовски, кандидат за нов лидер на СДСМ, реагираше на измените со кои се отвори врата за нови министерства во владата.
„Погрешна е дилемата дали се оправдани повеќе или помалку новите министерства. Клучното прашање е дали ова отвора врати за нови вработувања во јавниот сектор. Ако одговорот е да, СДСМ треба, односно требаше да побара со новите закони:
1. Да се регулира статусот на сите оние што се на договор или на определено, а кои сега стравуваат за своите работни места (такви имаме навистина многу).
2. Да се ограничат сите нови вработувања.
3. Да се побара одговор дали и како со новите институции граѓаните ќе добијат подобра услуга од државата.
Со мудар пристап секогаш можат да се заштитат и граѓаните и јавниот интерес” – реагиора Деспотовски.