Десетици земји пред колапс: Нема кислород
Десетици земји се соочени со сериозен недостиг на кислород поради порастот на случаи со Ковид-19, што се заканува да предизвика „тотален колапс“ на здравствените системи.
Дури 19 земји, меѓу кои Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргнетина и други се најзагрозени откако од март бележат константен пораст на побарувачката на кислород, од најмалку 20 отсто, додека вакцинирале помалку од 20 отсто одсвоето население.
Тоа го покажуваат заклучоците на анализата на Бирото за истражувачко новинарство, а која ги проуува податоците на коалицијата „Секое вдишување се смета“, на невладината организација „Пат“ и „Клинтонови иницијали за пристап до здравствена заштита“, пренесе „Гардијан“.
Постои загриженост дека и други земји како Лаос во Азија и некои африкански земји се во опасност, како НИгерија, Малави, Етиопија и Зимбабве, кои имаат помалку зрели системи за испорака на кислород.
Се заклучува дека овие земји се соочувале со недостиг на кислород и пред пандемијата, но дека сега се покажува уште подрастично.