Денови на италијански дизајн во Скопје
За деновите на италијански отдизајн во Скопје, италијанската амбасад и ИТА – Italian Trade Agency, организираат настани со кои се промовиираат уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизјан.
Темата на годинешното издание на деновите на италијанскиот дизајн е: „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“.
Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули ан, со макстер-клас на Лука Боскардин, италијански дизајнер на играчки и илустратор за многу италијански и интернационални брендови, како StudioRoof, Corriani, MonPetitArt, Arbos, George Magazine e Philips Design.
Истиот ден, во Чифте амам, свечено ќе биде отворена изложбата на ADI Design Museum, посветена на 140 години од првото издание на „Авантурите на Пинокио“, и содржи избор на дизјанерски проекти на италијански компании направени специјално за изложбата, кои ја потврдуваат способноста на италијанскиот дизајн да креира безвременски слики и предмети и го слават митот за Џепето, првиот италијански дизајнер.
На 15 март во „Ист гејт мол“, ќе се одржи модна ревија, на која ќе бидат претставени најновите колекции на италијанските брендови ARMANI EXGANGE, PATRIZIA PEPE, TWIN SET, DAN JOHN, ERREA, REBECCA, JUST CAVALLI, FURLA, VERSACE, BENETTON, со која ќе се отвори 28. сезона на „Фешн викенд Скопје“.
Настанот е од отворен тип, наменет за сите посетители и љубители на модата и дизјанот, кои ќе може лично да ја почувстуваат возбудата на гламурот од италијанските модни писти.
Моден Викенд Скопје ќе продолжи со активности (Ист Гејт Мол) :
15-31 март, Ready, Steady, Shop! A Vintage Pop-up
28-29 март, ревии на домашните дизајнерски сили на модната сцена
30 март, најавен е и цел блок посветен на The Bridal Fashion Night со колекции каде идните невести бираат совршен фустан!
Мото на FWSK28 е “Нашата заедничка порака за позитивна модна индустрија.” Нашата меѓудисциплинарна презентација не е само писта; тоа е славење на совесен дизајн, облека за етички брендови, и обврска кон еколошки практики кои оставаат позитивно влијание.
28-то издание на FWSK ќе ги оправда очекувањата на модната публика, ќе дише со нова креативна енергија, ќе ја слави лулката на дизајнот Италија и силата на домашното модно творење.