Денеска ќе врне дожд низ цела држава
Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови. Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Според количината на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот утрово од 30 литри на метар квадратен се регистрирани во Маврови Анови, потоа 24 л/м2 во Демир Капија, 20 Битола, Крушево, 18 Гевгелија…