Дел од Општина Илинден без струја

Без струја денеска од 8:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата по гробиштата во село Марино кон населба Јака и улицата кон гробиштата во Општина Илинден.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.