Дарко Рундек има нова песна (видео)


По сингловите „Ти и ја“ и „Ена“, Дарко Рундек и џез оркестарот ХРТ ни го носат третиот сингл од албумот „За вашу послеподневну разоноду“. Станува збор за песната на Рундек „Уходе“, која првично беше објавена на албумот Хаустор – „Тајниот град“.

– Оние што ја знаат песната „Уходе“ од албумот „Тајни град“, освен прекрасниот звук на џез оркестарот на ХРТ, аранжман на Лука Жужиќ, на крајот ги чека изненадување. Освен тоа, саксофонот на Дамир Хорват е една од главните причини зошто ја слушам оваа снимка повторно и повторно, изјави Дарко Рундек.

Албумот „За вашу послеподневну разоноду“ содржи 12 песни на Рундек снимени во аранжмани на Мирон Хаузер, Лука Жужиќ и Мако Муртиќ.