Данска почесто го нарушува воздушниот простор на Шведска од Русија
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/04/danski-F-16-avioni.jpg)
Скандинавскиот сосед на Шведска, Данска почесто го вклучува алармот од Русија, за нарушување на воздушниот простор на земјата, одговори министерот за одбрана на Шведска, Клаус Хјорт Фредериксон.
Русија три пати го вклучила шведскиот аларм во последните три години, а Данска во истиот период тоа го направила девет пати, рече Фредериксон, одговарајќи на прашање на опозицијата.
Од министерот за одбрана беше побарано да ги провери бројките во Стокхолм, поради „генералното мислење дека Русија најчесто го нарушува нивниот воздушен простор“.
Минатата седмица, руски воен авион прелета близу границата на Данска и го активира алармот за данските борбени авиони F-16, но рускиот авион не влезе на Данска територија.
И авионите на САД почесто прелетуваат над Шведска од руските, а тоа дури седум парти ги алармирало шведските воени власти во последните три години.
Норвешка, Германија, Франција, Турција и Португалија исто така се регистрирани дека влетуваат во шведскиот воздушен простор од 2016 година.