Данска објави план за воени инвестиции од над две милијарди долари на Арктикот
Копенхаген – Данска денеска соопшти дека ќе инвестира 14,6 милијарди дански круни (2,05 милијарди долари) за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот по обновениот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп за можна американска контрола на полуавтономната данска територија на Гренланд.
Договорот, кој има широка политичка поддршка, вклучува финансирање три нови поморски бродови на Арктикот, два дополнителни беспилотни летала со голем дострел и сателити за подобрување на надзорот, објави данскиот министер за одбрана Троелс Лун Поулсен на прес-конференција.
Политичките партии се согласија да преговараат за повеќе средства за војската на Арктикот подоцна оваа година.