Данска ќе убие милион видри поради коронавирусот


Данската Влада соопшти дека планира да убие до милион видри, заради спречување натамошно ширење на коронавирусот.

Како што јави ДПА, властите се сомневаат на пренесување на вирусот од тоа животно на луѓе во два вакви случаи во Холандија на почетокот на оваа година.

– Мојот главен фокус е да бидеме сигурни дека фармите со видри во северниот дел на Јутланд да не станат опасност од зарази за луѓето. Така, владата одлучи да ги уништи, покрај низата превентивни мерки, рече министерот за храна и риболов Могенс Јенсен.

Колежот ќе опфати 41 фарма за крзно во западна Данска, каде што е откриен коронавирус кај животните, како и 21 фарма за крзно за коишто постои сомневање дека има заразени видри