Дамите на Самитот на НАТО: Олена Зеленска, Брижит Макрон, Елена Ковачевска…


Олена Зеленска и Елена Ковачевска на свечената вечера во претседателската резиденција во Вилнус/ Фото: Ројтерс

Самитот на НАТО во Вилнус беше во фокусот на светската политичка јавност,  а на свечената вечера за шефовите на делегации на сојузниците на НАТО и партнерите во претседателската резиденција, медиумите се фокусираа и на елегантниот и впечатлив стил  на првите дами, сопруги на премиери и на домаќинката – првата дама на Литванија Дијана Науседа. 

Премиерот Ковачевски со сопругата меѓу високите гости на Самитот на НАТО во Вилнус

Елена Ковачевска, сопругата на македонскиот премиер Ковачевски, кој ја предводеше владината делегација во Вилнус, беше меѓу поелегантните  гостинки со елегентната црна толета со бела ружа како моден додаток на дизајнерката Тања Кокев и со соодветна фризура и со црвен кармин. 

Првата дама на Франција, Брижи Макрон, која доаѓа од центарот на светската мода Париз- избра бел фустан со црна чанта и чевли и златен накит, а внимание предизвика и присуството на првата дама на Украина, Олена Зеленска, која избра син стилизиран костум со здолниште.

Олена Зеленска со првата дама на Франција, Брижит Макрон

Фотографот на Ројтерс ги фати во разговор Елена Ковачевска и Зеленска на свечената вечера. Нивната средба изгледаше мошне срдечна. 

Додека на Самитот на НАТО во престолнината на Литванија, лидерите на членките на НАТО (меѓу кои и претседателот на САД, Џо Бајден, државниот секретар на САД, Антони Блинкен, претседателот на Франција, Емануел Макрон, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, премиерот на Обединетото кралство, Риши Сунак, премиерот на Словенија, Роберт Голуб, на Бугарија, Николај Денков, на Грција, Киријакос Мицотакис, премиерот на Унгарија, Виктор
Орбан…) зборуваа за ургентни безбедносни предизвици, дамите има свои активности во рамките на програмата за сопружници во организација на првата дама Науседа.

Сопругата на премиерот, Ковачевска го посети Центарот за деца и жени од војната во Украина, каде повторно се сретна со првата дама на Украина,  Олена Зеленска. Во рамките на посетата, г-ѓа Ковачевска  присуствуваше  и на настаните посветени на литванската култура и уметност. (Л.С.)