Дали е поевтино да се вози на бензин, дизел или електричен автомобил?
Кога првпат се купува автомобил, електричните автомобили се генерално поскапи од автомобилите на бензин и дизел, иако со субвенции оваа разлика може да се намали. Сепак, се поставува прашањето кога ќе се земат вкупните трошоци, кој тип на автомобил е најевтино да се вози?
Компаниите Leaseplan и ALD Automotive се обидоа да дадат одговор на ова во опсежно истражување, со извештајот наречен „Mobility Guide 2023“.
Според нивните податоци, во Германија километар извозен со електричен автомобил чини 43 центи, додека со SUS мотор во просек чини 44 центи. Се земаат предвид набавната цена, трошоците за енергија и даноците. Трошоците за одржување и поправка исто така се обично помали.
Во Италија, Шпанија и Шведска, електричниот автомобил може да заштеди и околу 1 цент по километар, а електричните автомобили имаат најголема предност во Белгија и Австрија со по 5 центи по километар.
Во Холандија и Велика Британија, SUS моторите и електричните автомобили се изедначени.
Основата е четиригодишна сопственост и 120.000 километри вкупна километража, а трошковната предност во Германија би била 1.200 евра, додека во Австрија и Белгија би била дури 60.000 евра.
Резултатите од студијата, сепак, не се позитивни за електричните автомобили насекаде во Европа. Тука спаѓа и Македонија, за која нема податоци колку би чинело со електричен автомобил по километар, но се наведува дека треба дополнително да се зајакне инфраструктурата за електричните автомобили да бидат профитабилни.