Skip to content

11/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Даде: За разлика од Рама, Заев потврди дека е премиер одговорен пред својот народ

20/10/2019 15:29

Албанија– Универзитетската професорка и поранешна шефица на албанската дипломатија, социјалистката Арта Даде, смета дека за разлика од претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, „премиерот Зоран Заев покажа дека е премиер одговорен пред сопствениот народ“.

Таа смета дека Рама целосно потфрлил со неговата Влада, која ја следат скандали и оти тој веќе не може да ја води земјата.

– Премиерот Зоран Заев покажа одговорност пред својот народот. Заев седна со Ципрас да го реши проблемот со името. Велам дека Рама не успеа и не може повеќе да ја води оваа земја затоа што го следат скандал по скандал. Треба да се направи повеќе за изборните реформи, бидејќи изборите за ОДИХР исто така беа далеку од демократски. Треба да се разгледа и прашањето за промена на системот, бидејќи овој систем е деградиран , рече Даде, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Њуз 24“.

Нејзин став е дека Албанија не ги извршила своите домашни задачи за влез во Европската унија и оти вината не треба да се префрлува врз францускиот претседател Емануел Макрон.

– Не верувам дека е време да покажуваме со прст кон Франција, всушност имаше и други политичари и земји што ја блокираа Албанија, како Холандија и Данска, но и други држави, кога се разговараше да и се даде шанса на Северна Македонија, а Албанија да повторува. Се согласувам дека ЕУ има свои проблеми, но и во претходните години имаше проблеми, но Србија отвори преговори, Хрватска итн., рече Даде.

Посочувајќи неколку области каде, според неа, Владата на нејзиниот сопартиец Рама целосно потфрлила, таа посебно ја нагласи корупцијата.

– Дали борбата против корупцијата функционира или корупцијата дојде на сите нивоа? Да ве потсетам на големата афера за корупција, за која немаме одговорност, дека 1 километар пат чинеше 20 милиони евра. Постои пад на сите нивоа, има пад на бизнисот, на странски инвестиции, нагласи Даде.

ReplyForward


Поврзани содржини

Над 16.000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
10/04/2026 17:04
Во Нов Дојран пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна
10/04/2026 13:04
Првите автобуси за градскиот превоз Николоски ги очекува во септември
10/04/2026 13:04
Со струја од пловечки фотоволтаици ќе се управува со акумулацијата Паљурци и хидросистемот „Ѓавато“ на Дојранско Езеро
10/04/2026 12:04

Од вторник облачно со врнежи од дожд
10/04/2026 12:04
Затворени улици и делови од булевари околу црквите утре за Велигден
10/04/2026 10:04
Николоски тврди: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
10/04/2026 09:04
Без струја корисниците од улица Ресенска во Чаир
10/04/2026 09:04

Најчитани


  • Новиот граничен премин меѓу Бугарија и Македонија доби „зелено светло“ во Софија
    09/04/2026 11:23
  • Богатите луѓе бегаат од Дубаи, европски град станува нов хит
    08/04/2026 09:32
  • Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово
    05/04/2026 18:10
  • Американци ќе копаат антимон во Македонија, Мицкоски го нуди и „Чебрен и Галиште“
    07/04/2026 12:29
  • Кога ќе се отвори Ормускиот теснец, проблемите ќе почнат: „Последиците ќе траат со месеци“
    08/04/2026 09:11
  • Турција продава 52 тони злато, Русија и Полска размислуваат за слични потези
    08/04/2026 17:43

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење