Даблин е новата шопинг дестинација- Диор отвара продажен салон за модни додатоци
Англија- Диор отвара продавница во најзначајната стоковна куќа во Даблин Браун Томас, со планови за продажба на женски модни додатоци од есенската колекција, што ќе се отвори на есен.
Новиот простор во главниот град на Ирска ќе понуди чанти, вклучувајќи ги моделите Lady Dior, Dior Caro и Dior Book Tote, и други дизајни на Марија Грација Кјури, креативна директорка на колекциите за висока мода, прет-а-порте модата и модните додатоци.
Селекција на накит и часовници по избор на уметничкиот директор де Кастелан , исто така ќе биде изложена.
„Ова е неверојатно возбудливо партнерство за Браун Томас“, рече директорот на продавницата Доналд Мекдоналд. „Диор е еден од најпрестижните луксузни брендови во светот, и ова отворање сигнализира доверба не само во Браун Томас, туку и во Даблин и Ирска како исклучителна дестинација за шопинг“.
Браун Томас е дел од групата „Селфриџис“ и има четири продавници во Ирска, како и е-трговија.

Де Кастелан лансира нова линија на апстрактни часовници и накит со дизајн од 70-тите години, наречена Gem Dior, со лепенки од разни скапоцени камења, во чест на првата колекција на часовници и накит заедно на дизајнерот Диор.
„Тоа е стил што би го опишал како апстрактно-органски“, рече Де Кастелан.
Новата линија на Gem Dior вклучува седум модели на часовници со неправилни, октогонални облици и белегзии без затворачи, како и 11 парчиња накит – прстени, нараквици и обетки инспирирани од геометријата на камењата.
Диор минатиот месец го отвори четвртиот продажен салон во Мексико Сити.
Сместена во Ел Паласио де Хиеро Санта Фе, салонот го меша стилот Луј XVI со модерен, минималистички дизајн. Има залихи на женски кожни производи, обувки и додатоци од Кјури, како и машка прет-а-порте мода, кожни производи, чевли и додатоци од Ким Џонс.
„Диор“ има врски со Мексико уште од првата колекција на Кристијан Диор во 1947 година, кога еден модел го нарече „Мексико“ .
Врската помеѓу Диор и Ел Паласио де Хиеро започна во 1950 година, кога познатата мексиканска филмска актерка Марија Феликс таму купуваше дизајни на куќата. Во ноември 1954 година, шест од моделите на Диор Париз отпатуваа во стоковната куќа за да ја претстават линијата Диор Х.
Најновиот салон е инспириран од локацијата Диор Шанзелизе. (WWD)