Д Викенд со невиден перформанс на Супербоулот (видео)
08/02/2021 12:06
САД- Откако минатата година Џенифер Лопез и Шакира ја воодушевија публиката со нивниот настап на Супербоулот, најгледаниот спортски настан во Америка, со најскапи реклами, оваа година поп-ѕвездата Д Викенд се погрижи за 12-минутниот спектакл, изведувајќи голем број свои хитови во придружба на танчери, вклучително и песните „Blinding Lights“ , “Starboy” “и” Can’t Feel My Face “.
Фото: Ројтерс
30-годишната мегаѕвезда не сакаше да биде платена од организаторите на Суперболот за неговиот настап, па затоа тој вложи неверојатни седум милиони американски долари за 13 минути од неговиот настап, пишува „Men’s Health“.
Иако оваа вест шокираше многумина, не е толку невообичаена. И Џеј Ло и Шакира се согласија на истиот договор минатата година, а за тоа зборуваше Марк Генис, претседателот на консултантската компанија „Спортскорп“ за „Форбс“.
„Тие се подготвени да настапат бесплатно, па дури и да ги субвенционираат трошоците за производство преку нивната издавачка куќа или промотори на концерти. Дури и најголемите имиња мора постојано да се промовираат. Шоуто на полувремето на Супербоулот е идеална можност за тоа“, објасни тој.
Заедно со Д Викенд вниманието го привлекоа и танчерите, чии глави беа завиткани во завои.
„Значењето на лентата за глава се одразува на апсурдната култура на славните личности во Холивуд и луѓето кои се манипулираат од површни причини за да им угодат на другите“, рече ѕвездата.
Фото: Ројтерс
Канадската поп-ѕвезда реагираше лани на шпекулациите дека неговиот настап на полувремето на „Супербол“ е можеби причина што не доби ниту една номинација за Греми-награди.
Тој го нарече доделувањето на „Греми“ корумпирано по објавените номинациите , а неговото име не беше меѓу номинираните и покрај многу успешната година.
Тимот на Тампа Беј ноќеска го победи Канзас сити со 31:9 и го освои Супербоулот во 2021 година. Ова е втор трофеј за Тампа во НФЛ лигата. Првиот го има освоено во 2003 година.
Поради пандемијата на коронавирус, еден од главните спортски настани во САД можеше да го посетат само 25 илјади луѓе, односно една третина од капацитетот на арената „Рејмонд Џејмс“.