Д Викенд си купи екстравагантен дом на Бел Ер за 70 милиони долари, меѓу најскапите во Калифорнија

САД– Иако никогаш официјално не беше на пазарот, раскошниот имот во Лос Анџелес се продаде за неверојатни 70 милиони долари – една од најскапите продажби на домови во Калифорнија во 2021 година – на Абел Тесфај, канадската музичка супервезда попозната како The Weeknd. Како што беше објавено за првпат од Волстрит Журнал, пејачот на „Blinding Lights” сега е новиот станар на мегакуќата од околу 33.000 квадратни метри , многу поголема од неговиот претходен дом во Хајден Хилс, кој беше продаден на Мадона во април за 19,3 милиони долари.
Продавачите на домот во Бел Ер се познати холандски личности Реинаут и Даниел Орлеманс, тој основач на ТВ продуцентската куќа Eyeworks и таа поранешна професионална велосипедистка која некогаш излегувала со Ленс Армстронг. Двојката ја купи куќата во летото 2015 година за 21,4 милиони долари и потоа го заврши тригодишното реновирање што додаде простор за живеење од 13.000 квадратни метри, плус затворен базен/бања и многу други блескави удобности. Двојката, исто така, го трансформираше домот налик на тоскански замок во современа дом со модерен мебел, опремен од целиот свет.
Распространета на 1,6 хектари со поглед кон Бел Ер Кантри Клубот-на ултра-приватна парцела, слична на остров-куќата поздравува со двојни порти и долга патека, куќата има турски амам, кино, теретана и посебно музичко студио.
Скоро сите простории се со стаклени ѕидови со живописен поглед на терен за голф и на базен со водопад.