Д Викенд на Супербоулот носеше сако на Живанши, рачно шиен 250 часа
САД- Канадската суперѕвезда Д Викенд на полувремето на Супербоулот не импонираше само со настапот туку и со изгледот.
Роден како Абел Тесфаје, на неверојатниот 12 минутен перформанс, (на кој настапуваат најголемите ѕвезди), на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Тампа, Флорида, носеше светкаво црвено сако од висока мода, дизајнирано од креативниот директор на Живанши, Метју Вилијамс.
Според соопштението за печатот споделено со „Пипл“, на четири шивачки им биле потребни повеќе од 250 часа да го направат рачно изработениот блејзер.
Музичарот го искомбинира со црна кошула, панталони, кожна вратоврска, ракавици и црно-бели оксфорд чевли.
„Навистина е чест да се облече Д Викенд за неговото неверојатно шоу во Супербоулот“, рече Вилијамс во изјавата што ја пренесе Пипл. „За мене, модата е да го споиш стилот со личноста, а Д Викенд го оживеа мојот дизајн со својата енергија, карактер и чувство за стил“.