Д Викенд ќе ги бојкотира Греми заради расизам на тајниот одбор
САД– Пред утрешното доделување на наградите Греми кои го слават најдоброто од музичката индустрија, канадската поп-ѕвезда Д Викенд изјави дека од сега па натаму ќе го бојкотира доделувањето на Греми наградите, а ваквата информација ја потврдил за „Њујорк Тајмс“.
Пејачот изјавил дека повеќе нема да ги пријавува своите песни за најпрестижната годишна награда во музичката индустрија откако одбиле да го номинираат неговиот хит сингл „Blinding Lights“ кој 52 недели беше помеѓу 10-те најдобри на „Billboard Hot 100“, заедно од признанијата. Наводно, бил ставен на тест, или ќе пее на Супербоулот (каде имаше одличен перформанс) или на наградите Греми.
Оваа вест е објавена во период додека организацијата која стои зад Греми се соочува со надзор над својот таен систем на гласање поради наводен расизам и омраза кон жените уметници.

Д Викенд особено го нагласил недостатокот на транспарентност во процесот на гласање, a пред него, реагираа и Дрејк, Френк Оушн и Кање Вест. Номинациите ги избираат членови на непрофитната организација „Recording Academy“ чие седиште е во Калифорнија, а истата ја сочинуваат уметници, продуценти, извршни директори и останати вработени.
Меѓутоа, од 1995 година, таен одбор избира кој ќе добие Греми награда за најдобар изведувач, албум на годината, снимка на годината и песна на годината.
Само 4 афроамерикански уметници освоија Греми награди во последните 9 години, а последен беше пијанистот Херби Хенкок во 2008 година.

Едно истражување покажало дека само 24 отсто од годинашните номинирани артисти за Греми награда се со „поинаква“ боја на кожа.
„Blinding Lights“ е само една од петте број 1 „Billboard“ песни во последните 30 години кои не добиле Греми номинации, пишува „Асошијтед прес“. На албумот „After Hours“, на кој се наоѓа споменатата песна му е исто така „ускратена“ можноста за добивање награда.
Поп-ѕвездата Бијонсе освои најмногу – девет номинации, меѓу нив и за песна на годината. Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63-то издание на свеченоста.