Црвена маска како моден додаток: Вилма Рускоска е нашата Ненси Пелоси


Фото: Б. Грданоски

Стилот на обвинителката Вилма Рускоска ја воодушевува или ја иритира јавноста. Како моќна фигура на судењата кои предизвикуваат внимание во македонската јавност, ја дозира и моќноста на облеката.

Фото: Б. Грданоски

Привлекува внимание со живописните бои на својата облека – од жолта до црвена боја (иако и е омилена и црно-белата комбинација), со големите чанти исто така во боја, драматичните шапки, со јаката шминка, децентен или нападен накит и високите потпетици.

Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на САД

Сега, како и демократката Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на САД се фокусира и на модни споеви во кои главна улога играат заштитните маски.Ги има во разни бои и со разни дезени.

Токму вечерва, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, објаснувајќи го случајот на Мијалков, избра црвена заштитна маска со омилената црвена чанта во која е видена во неколку наврати. Црвената боја очигледно и е омилена и со карминот и со рачниот часовник.Има ли симболика или е прашање на стил и вкус, времето ќе покаже. (Л.С.)

 

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски