Црногорците натпреварот во лежење го прилагодија на пандемијата


Корона вирусот влијаеше врз многу работи, па сопствениците на етно селото „Монтенегро“ во близина на Никшиќ, минатата година не го организираа традиционалниот натпревар во лежење. Затоа тие одлучија да организираат нов натпревар оваа година, во согласност со моменталната состојба – натпревар во самоизолација.

Натпреварот започнува на 5 февруари, а победникот добива парична награда од 300 евра, пишува „Вијести“.

Сите учесници мора да ги почитуваат правилата – тие остануваат сами во колибите, не смеат да излегуваат за време на натпреварот, ја одржуваат хигиената на сместувањето и на садовите, нема телефон и телевизор, ниту тутун и алкохол. Организаторот на натпреварот обезбедува храна за седум дена, но и подолго доколку е потребно, како и сместување.

„Храната ќе биде здрава, нема ништо спакувано или обилно. Нормално за здрав ден во животот. Водата е изворска, ја има во сместувањето што е најважно. Дозволени се книги, како и цртање. Дозволено е сè што е здраво за душата на еден човек. Кој ќе се откаже под три дена, плаќа за комплетно сместување и храна во износ од 105 евра“, се правилата на натпреварот објавени од организаторите.

Сите заинтересирани можат да контактираат со етно селотто на Фејсбук, да испратат свои биографии и препораки, а комисијата ќе избере пет до седум натпреварувачи.

Судејќи според коментарите на ФБ страницата, но и според веќе пристигнатите апликации, многумина се заинтересирани за, како што рекоа, одмор за кој згора на се, се платени.

„Подобро е да се одмориме во колиба за 300 евра, отколку да работиме за тие пари. Идеално, да си ја одморам душата. Еве одмор и тие сепак ви плаќаат “, се само дел од коментарите.