Црна новогодишна ноќ во Германија: Пет лица загинаа поради пиротехнички средства
Во Германија за време на новогодишната ноќ починале пет лица, а причина за смртта во сите пет случаи била употребата на пиротехнички средства, пишува Билд.
Првиот случај е регистриран во сојузната покраина Саксонија околу 18 часот и 30 минути, кога 50-годишен маж се обидел да запали огномет со семејството, но дошло до експлозија во која тој починал.
Неколку часа подоцна, во истиот регион, 45-годишен маж починал од повреди на главата предизвикани од експлозија.
Во градот Гесеке околу 22 часот и 40 минути загина 24-годишен маж, додека во градот Креммен почина 21-годишен маж, а во градот Охсенвердер, кој се наоѓа во близина на градот Хамбург, од истата причина почина 20-годишен маж.
Покрај случаите кога најверојатно бил активиран неисправен огномет, што довело до трагични смртни случаи, вреди да се истакне дека ситуацијата во Хамбург настанала затоа што неименуван маж активирал петарда залепена за дезодоранс, што најверојатно довело до поголема експлозија.