Човекот што му удри шлаканица на Макрон доби четири месеци затвор


Французинот кој се опиша себеси како десничар или екстремно десничарски „патриот“ е осуден на четири месеци затвор за шлаканица што му ја удри на претседателот Емануел Макрон.

На Дамиен Тарел (28) исто така му е забрането некогаш да има јавни функции во Франција и да поседува оружје пет години поради члаканциата по левиот образ на Макрон додека францускиот лидер се поздравуваше со луѓе.

За време на денешното судење, Тарел сведочеше дека нападот бил импулсивен и непланиран и поттикнат од гнев поради „падот“ на Франција.

Друг маж уапсен по шлаканицата, идентификуван од обвинителот како Артур Ц., ќе биде осуден подоцна, во 2022 година, за нелегално поседување оружје.

Француското обвинителство вели дека, освен што пронашле оружје, полицијата која извршила претрес во домот на Артур Ц., пронашла и книги за уметноста на војната, копија од манифестот на Адолф Хитлер „Мајн кампф“ и две знамиња, едно симболизирајќи ги комунистите и друго на руската револуција.