Чиле погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степени


Сантјаго– Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето западно од пацифичкиот брег на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 10 километри и на 775 километри од градот Пуерто Монт.

Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами.