Четиригодишник со часови мирно чекал во комбе некој да го најде


Четиригодишно момче заборавено во комбе на градинка во Атина, седум часа мирно чекало некој да го најде.

Во понеделникот, како и секој работен ден, комбето донело пет деца во градинката, но возачот и сопатничката не забележале дека само четири излегле, а малото момче заспало на едно од седиштата, па останало во комбето.

Возачот го одвезол комбето до паркингот и си заминал, јавува денеска атинска РТВ СКАИ.

Четиригодишното момче потоа се разбудило и некако излегло од комбето, но видело дека е на непознато место, па се вратило на своето место. Го ставил појасот како што научил, извадил книга од чантата и читал додека чекал да стигне до градинката како што очекувал и вели дека спиел малку.

Тој бил пронајден седум часа подоцна кога возачот дошол да ги однесе децата дома од дневен престој во попладневните часови. Дури тогаш родителите на момчето дознале што се случило со нивниот син.

Случајот со заборавеното момче денеска го соопшти Јоргос Хутумадис, претседателот на Здружението на родители на Втората детска градинка во општина Кифисија, но не кажа што е преземено за да не се повтори.