Четири членови од исто семејство починаа од ковид 


Четири членови од исто семејство во Tетово починале од Ковид 19 откако сите се заразиле на свадба. Тие починале во период од една недела.

Сега е пандемија. Насекаде треба да има аларм за негрупирање и дистанца. Кај нас тие мерки не се почитуваат и за жал имаме многу голем број починати. Повеќето се со слаб имунитет и сè е генетика. Во домашни услови, неделава имаме четворица починати од исто семејство. Тие се заразиле на свадба, и за жал починаа. Лицата се од една фамилија, живееле во две куќи една до друга и постојано биле во контакт. Кога се зема целата фамилијарна анамнеза, се гледа дека имаат наследни болести и слаба генетика. Ќерката имала 36 години и обезитет, а мајката и таткото биле со карцином и кардиомиопатија. Во Тетово имаме многу починати во домашни услови, сите невакцинирани. Имаме и семејства каде имале многу тешка клиничка слика, па излегле со добри резултати од болница. Граѓаните не се чуваат, имаат слаб имунитет и повеќето се невакцинирани. Седат во групи, не носат маски, а не се вакцинирани, ни изјави доктор Миранда Пајазити.

Во тетовскиот ковид центар, на неколку часа била третирана и најмладата пациентка во земјава која почина вчера на 15 годишна возраст.