Чаир се мобилизира за Рамазан Бајрам – започна интензивна акција за чистење во текот на ноќта


Чаир се подготвува за Рамазан Бајрам. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва беше присутен на почетокот на интензивната акција за чистење на јавните површини, која се реализира во рамки на подготовките за празникот Рамазан Бајрам.

Општина Чаир секојдневно се ангажира за одржување и чистота на јавните површини, додека вечерва овој ангажман дополнително се интензивира. Започна целосно чистење на улиците, парковите, тротоарите и зоните околу контејнерите, со цел секој дел од Чаир да го одразува достоинството на овој празник.

„Рамазан Бајрам е празник кој нè обединува и нè потсетува на најдобрите вредности како општество. Наша одговорност е граѓаните да го дочекаат овој ден во чиста, уредена и достоинствена средина,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Акцијата се реализира во соработка со јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, како и ДПД „Бајрам Мифтари“, со ангажман на сезонски работници на општината и користење на соодветна механизација за чистење и миење на улиците.

Оваа мобилизација се реализира во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, со цел граѓаните да го дочекаат празникот во што подобри услови.