Цената на глобалната војна против теророт: 6,4 билиони долари и 801.000 животи


Два извештаи објавени од проектот „Трошоци за војна“, со седиште во Браун, даваат сеопфатна проценка на финансиската и човечката цена на американските војни по 11 септември. Речиси две децении откако паднаа кулите близначки во Њујорк на 11 септември, проценетата цена на американските антитерористички напори изнесува 6,4 трилиони долари. Според извештајот САД ќе продолжат да финансираат антитерористички војни и помали операции во повеќе од 80 земји, а дополнителен минимум од 1 трилион долари ќе обезбеди грижа за ветераните од тие војни во следните неколку децении.

„Бројките продолжуваат да се зголемуваат, не само затоа што продолжуваат да се водат многу војни, туку и затоа што војните не завршуваат кога војниците ќе се вратат дома“, рече Кетрин Луц од  „Трошоци за војна“ и професор по меѓународна и јавна содржина во Браун. 

„Овие извештаи се потсетник дека дури и ако помалку војници умираат и САД трошат помалку за непосредните војни, финансиското влијание е се уште лошо и полошо отколку пред 10 години. Ср уште ќе ја плаќаме сметката за овие војни против тероризмот во 22 век “, вели Луц.

Во одделен извештај објавен истиот ден, Луц и Нета Крафорд, друг ко-директор на „Трошоци за војна“ и професор по политички науки на Универзитетот во Бостон, проценуваат дека помеѓу 770.000 и 801.000 луѓе загинале во војните по 11 септември. Вкупната проценка вклучува цивилни смртни случаи – околу 312.000 или повеќе – како и смрт на опозициски борци (повеќе од 250.000), припадници на американската војска (7.014) и новинари и хуманитарни работници (1.343).

 За разлика од сметките за воените трошоци објавени од Пентагон, финансиските извештаи за трошоците за војната ги земаат предвид не само трошоците на Министерството за одбрана (ДОД), туку и трошоците на државните служби, ветерани и внатрешна безбедност, како и трошоците за платени камати на позајмени средства. Бројот на загинати се пресметува врз основа на извештаите за жртви објавени од ДОД и Министерството за труд, бројки обезбедени од Обединетите нации и некролози и други вести.

„Ако ги пресметате сите делови од федералниот буџет кои се поврзани со војската – вклучително и буџетот за нуклеарно оружје, буџетот за гориво за воени возила и авиони, средства за грижа за ветерани – тој сочинува две третини од федералниот буџет, а се движи кон три четвртини “, рече Луц. „Мислам дека повеќето луѓе не го сфаќаат тоа, но важно е да се знае. Креаторите на политиката се загрижени дека зголеменото трошење на Пентагон ги спречува другите национални цели што не се поврзани со војна “, вели Луц.