Цаневска: Со какви заслуги „вечниот“ директор на МРТВ, Марјан Цветковски, ја доби фотелјата директор на Фондацијата Скопје европска престолнина на културата 2028
„Марјан Цветковски, вечниот директор на МРТВ, сега е награден со нова функција. Градоначалник, со кои заслуги и на кој начин. Тоа е човекот кој цели 15 години беше на функцијата директор на МРТВ или од 2012 година, кога беше избран. Тоа е човекот кој јавниот сервис го претвори во огласна партиска табла, примаше, наградуваше партиски лица, кој имаше негативни ревизорски извештаи. Во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски беше забрането таканаречените бомби од прислушуваните разговори што ги објавуваше опозицијата да бидат емитувани на програмата“, рече Цаневска.
Цветковски сега ќе раководи и ќе ги координира сите активности за спроведувањето на манифестацијата, како и со финансиите кои се наменети за овој значаен проект.